• Fri. Nov 22nd, 2024

ТИРЗ со награда Лидер на Балканот за 2021

Технолошко индустриските развојни зони се наградени за најдобри слободни економски зони – Лидер на Балканот за 2021 година. Наградата ја доделува британскиот магазин и портал CFI.co (Capital Finance International), со седиште во Лондон, кој е специјализиран за економски анализи и коментари за финансиските пазари низ целиот свет.

Во одлуката на судискиот панел се нагласува дека ТИРЗ не е „само развојна институција, туку пример за ефикасен деловен концепт предводен од професионалци“. Се истакнува дека економските политики на Владата и новиот концепт на привлекување инвестиции на ТИРЗ придонел Македонија да биде препознаена како нов деловен рај за Европа.

Судискиот панел на CFI.co ја нотира позитивната бизнис клима во земјата и ја препознава улогата и придонесот на ТИРЗ, за што и се доделува наградата. Како клучни фактори за одлуката се наведени новиот концепт на ТИРЗ кој меѓу другото вклучува индивидуализирани пакети базирани на анализа на 10 годишни финансиски проекции и новиот систем за грижа на корисници кој е усогласен со меѓународните практики.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *