• Fri. Nov 22nd, 2024

Штипјани фалсификувале пари

исплата пензии, пари

Штипски брачен пар се обидел да пушти во оптек фалисфикувани пари. По преземени мерки и активности Секторот за внатрешни работи Штип расчистил случај на фалсификување пари и од слобода ги лишил сопружниците Б.Ф.(38) и С.Ф.(33), двајцата од Штип. 

„При преземањето мерки било утврдено дека Б.Ф. испечатил четири банкноти од 1.000 денари од кои три ѝ дал на С.Ф., а четвртата ја фрлил бидејќи била оштетена. Исто така, било утврдено дека С.Ф. една од банкнотите разменила со малолетничка од Штип за две по 500 денари, една дала на лице од Штип за да подмири долг кон него, а последната, откако слушнала дека делото е пријавено, ја скинала и фрлила“, се вели во соопштението од МВР.

Банкнотите биле пронајдени и одземени, како и печатачот и компјутерот на кој биле направени. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *