Новонастанатата ситуација со ширење на вирусот COVID-19 во нашата земја наметна нови предизвици за сите поединци, компании и институции во државата, но најголемиот притисок беше ставен врз здравствениот систем и здравствените работници.
Тие се оние кои и покрај директната изложеност на вирусот и големиот ризик по своето здравје, континуирано и храбро се борат за лекување на сите граѓани со нарушено здравје и спречување на ширење на вирсот.
Во знак на поддршка, Тинекс одлучи да направи донација во вредност од 100.000денари за потребите на Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Материјалната донација се состои од 100 сета постелнини (креветски чаршав и навлаки за перници) и средства за лична хигена како:
– 153 парчиња средство за дезинфекција на површини (500мл.),
– 35 парчиња антибактериски гелови за дезинфекција на раце (450мл),
– 200 парчиња течен сапун за раце (500мл.),
– 192 парчиња влажни марамчиња пакување 64/1,
– 288 парчиња бришачи за раце пакување
– 84 парчиња тоалетна хартија пакување 24/1.
Kомпанија Тинекс, како докажана општествено одговорна компанија, секогаш е тука да понуди безрезервна поддршка и помош онаму каде е најпотребно. Во овие тешки моменти, се надеваме дека со нашата донација ќе помогнеме во борбата против вирусот.