• Fri. Nov 22nd, 2024

Тестови за новите варијанти на корона

Швајцарската компанија Рош ќе произведува тестови за новите варијанти на корона.

Швајцарската фармацевтска компанија „Рош“ објави дека работи на нов дијагностички тест насочен кон откривање нови варијанти на коронавирусот во лабораториски услови.

Новиот тест ќе се користи во лабораториски истражувања. Тој треба да им олесни на научниците да ги следат мутациите на вирусот, нивната распространетост и потенцијалното влијание врз дијагнозата на инфекции, вакцини и третмани. Ова се вели во соопштението на швајцарската компанија.

Наречен Cobas®SARS-CoV-2 Variant Set 1, тестот овозможува откривање и диференцијација на разни мутации забележани во британската, јужноафриканската и бразилската варијанта.

„ Континуираното надгледување и следење на новите варијанти на коронавирусот е клучно за јавното здравје“. Вака смета Томас Шинекер, директор на одделот за дијагностицирање во компанијата.

Следењето на новите варијанти ќе им помогне на здравствените системи да одлучат какви мерки ќе преземат за борба против Ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *