Тешко повредена малолетничка од Гевгелија во Скопје. Вчера вечер во 21.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот Ѓ.С. од Скопје удрило во малолетничка од Гевгелија, извести МВР.
– Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.