Од струмичките села Водоча и Велјуса тргна теренската вакцинација во струмичко. Медицински тим на здравствен дом Струмица пристигна во селата под Еленица. Уште првиот ден, граѓаните беа информирани за можмоста да се вакцинираат во нивното место.
Во овие населени места каде има останато претежно стари граѓани, теренската вакцинација велат им била големо олеснување.
Лекарите велат дека вакцинацијата тече без проблеми. Се аплицира вакцината на кинескиот производител Синовак.
Теренска вакцинација има и во останатите девет општини во Југоистокот. Тимови на здравствените домови треба да поминат во сите населени места.