На 18.04.2021 година во 10.10 часот во Полициско одделение Ново Село К.А. (49) од село Сушица, струмичко, пријавил дека на 17.04.2021 година во дворно место во село Секирник неговиот малолетен син бил физички нападнат од друго малолетно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на вчерашниот ден (18.04.2021 година) во времето од 11.00 до 19.00 часот спроведе засилени контроли во областа на сообракајот. Притоа биле констатирани 101 прекршок, од кои 85 за возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.