Температурните шокови лоши за земјоделството. Оваа недела ниски утрински температури до минус 5 степени под нулата со дневни до околу 10. Почетокот на февруари дневни температури и до 17 степении. Тоа се температурни пшокови кои може да наштетат на земјоделското производство.
Експертите советуваат, земјоделците да се придржуваат кон примена на заштитни мерки за да го заштитат родот. Дури и кај ладнољубивите растенија може да има негативни последици.
Екстремните временски појави, температурните шокови кои се лоши за земјоделството претставуваат сериозна опасност за земјоделството и руралната економија, па оттука и потребата за редовното информирање и користење на системите за рано предупредување за заштита на земјоделието од климатските промени.
Новите метеоролошки станици ќе помогнат при собирање на важни климатски податоци од секој регион и произведување на ажурирани агрометеоролошки информации од важност за локалните производители и изборот на нивните земјоделски практики.
И минатонеделниот ладен бран ги мобилизира земјоделците.