Долгогодишната директорка на струмичката библиотека „Благој Јанков Мучето“ и раководителка на роднокрајното одделение, Тања Гошева, ја понесе наградата Павлина Цунева – Маказлиева. Таа е една од трите наградени библиотекарки на годинешниот конкурс за најдобри библиотекари од училишните и јавните библиотеки.
Покрај Гошева, наградена е и Магдалена Кочовска – Салтирова од библиотеката „Искра“ од Кочани. Во категоријата училишни библиотеки, за најдобар библиотекар е прогласена Анета Велкоска од основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ од Скопје.