• Fri. Nov 22nd, 2024

„Танцувачки еко машини“ на Детскиот струмички карневал

Вруток од идеи и која е најдобро да се реализира? Ова е најголемата дилема на струмичките карневалџии додека одберат како ќе изгледа нивната маска. Дилемата не го одминала ниту одделението на наставничката Билјана Гунова која годинава предложила да се маскираат во машини за перење алишта.

Децата се сложуваат дека идејатља им била необична, но, само додека не почнале да работат. Сега се заљубени во своите рачноизработени косими.

Како и во другите карневалски групи, и ова одделение го поддржуваат родителите и семејството на децата. Младата уметница Јана Мицева има брат кој учи во одделението на Гунова, така стана дел и од карневалската екипа.

Еко машините за перење ќе дефилираат во недела на Детскиот карневал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *