• Fri. Nov 22nd, 2024

СЗО: Речиси една милијарда луѓе во светот имаат ментално растројство заради ковид пандемијата

Пандемијата на Ковид 19 има големо влијание врз менталното здравје на луѓето, а особено ги погоди вработените во првата линија, студентите, самците и оние кои веќе имаа ментални проблеми, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Речиси една милијарда луѓе имаат ментално растројство и тоа може да влијае на секого, а водечка форма е депресијата, од која, според проценките, страда пет проценти од светската популација, изјавија од СЗО по повод Светскиот ден на менталното здравје.

Во соопштението се наведува дека секој седми човек на возраст од 10 до 19 години доживува некаква форма на ментално растројство и дека луѓето со сериозни нарушувања, како што е шизофренија, обично умираат 10 до 20 години порано од општата популација.

„Еден од 100 смртни случаи е самоубиство. Тоа е четврта најчеста причина за смрт на луѓе на возраст од 15 до 29 години “, наведува СЗО.

„Стигматизацијата, дискриминацијата и кршењето на човековите права на лицата со нарушено ментално здравје и понатаму се широко распространети“, велат од СЗО.

Извештајот, исто така, предупредува на пад на продуктивноста поради депресија и вознемиреност и дека тоа ја чини светската економија трилиони долари секоја година.

Во извештајот на СЗО не се споменува дека најчестите форми на нарушувања на менталното здравје – депресијата и анксиозноста, може да се третираат со терапија за разговор, лекови или комбинација од овие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *