• Fri. Nov 22nd, 2024

СЗО: Пандемијата создаде глобална ментална здравствена криза

Глобална криза за менталното здравје донесе пандемијата со Ковид-19. Светската здравствена организација вели дека се поттикна стресот и се поткопа менталното здравје на милиони луѓе. Ова предупредување доаѓа ден пред Светскиот ден на менталното здравје, 10 октомври.

Дури и пред пандемијата во 2019 година се проценува дека еден од осум луѓе во светот живеел со ментално растројство, а ковидот дополнително придонесе да се влоши менталното здравје на милиони луѓе. Токму затоа СЗО повикува менталното здравје и благосостојба да станат глобален приоритет.

Во првата година на пандемијата се забележува зголемување на анксиозноста и депресивните растројства за 25%.

Проценките се дека една милијарда луѓе во светот има ментално растројство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *