• Fri. Nov 22nd, 2024

СВР Струмица со апел да не се палат огнови

Се наоѓаме во период од годината кога земјоделците ги припремаат своите земјоделски површини за сеидба, при што палат стрништа, меѓи, плевел и други отпадоци. Во минатото бевме сведоци на многу појави кога ваквото неконтролирано палење беше причина за настанување на пожари, со кои се предизвикуваа штети на имотот на граѓаните, се вели во соопштението од СВР Струмица.
Токму поради наведеното Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до сите граѓани :
–        да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места;
–        да не се палат стрништа, земјоделски и други површини;
–        да не се врши палење на отпад или друг горлив материјал;
–        да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.

СВР Струмица потсетува дека предизвикувањето на пожар, намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *