На 11.06.2022 во 09.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на место викано „Змиите“ во атар на село Петрово, гевгелиско било пронајдено починато женско лице мигрант. Лекар од Итна медицинска помош Гевгелија констатирал смрт, а увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
На 11.09.2022 во 16.30 часот во Полициската станица Струмица Н.Н. (35) од Струмица пријавил дека околу 15.00 часот на ул. „Васил Главинов“ во Струмица бил физички нападнат од Р.Н.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 11.09.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Струмица К.М. (42) од Струмица пријавил дека околу 20.30 часот на ул. „Кузман Јосифовски Питу“ во Струмица бил физички нападнат од едно лице. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.