На 06.11.2022 во 16.57 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во аптека на ул.„Слободан Митров Данко“ во Гевгелија едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.11.2022 во 13.20 часот во Полициската станица Струмица, В.А.(22) од село Куклиш, струмичко, пријавил дека околу 01.00 часот на плоштадот во Струмица бил физички нападнат од едно лице. Полициска станица Струмица презема мерки за расчистување на случајот.