На 05.06.2022 година во 13.10 часот на автопатот А-1, во правец од село Прдејци, гевгелиско, кон бензинска пумпа кај надвозник за оранжерии Негорци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило кое го напуштило местото на несреќата, патничко возило „фолксваген голф“, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од М.Ќ. (30) од село Прдејци, патничко возило „форд фиеста“, со српски национални ознаки, управувано од М.Б. (68) од Република Србија и товарно возило „цитроен“, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од Р.Ј. (27) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ќ., возач на возилото „фолксваген голф“, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија.
На 06.06.2022 година во 04.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на улица „Младинска“ во Струмица едно лице со употреба на сила одзело ташна од малолетна жителка на Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.06.2022 година во 11.40 часот во Полициската станица Струмица, М.А. (40) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 11.00 часот на патот кон селската чешма во село Баница бил физички нападнат од В.Ј. од истото село. Полициска станица Струмица презема мерки за целосно расцистување на случајот.
На 05.06.2022 година во 18.55 часот во Полициската станица во Радовиш, З.А. (40) од Радовиш пријавила дека околу 18.15 часот на улица „Герас Цунев“ во Радовиш нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од М.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.06.2022 година во 18.20 часот во Полициската станица Струмица М.В. (26) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 17.30 часот на улица „Стив Наумов“ во Струмица бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.В. и неговиот соселанец Р.М. (48). Истиот ден, во 19.45 часот Р.М. пријавил дека бил физички нападнат од М.В. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.