• Fri. Nov 22nd, 2024

СВР Струмица: Акциска контрола за брзо возење

На 03.04.2022 во периодот од 09.00 до 15.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа, биле констатирани 83 прекршоци, од кои 27 на подрачје на Струмица, 25 на подрачје на Радовиш, 17 во Валандово и 14 во Гевгелија. 54 прекршоци биле констатирани надвор од населено место, а 29 во населено место и сите биле соодветно санкционирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *