СВР казни 76 возачи за брзо возење
На 10.07.2022 во периодот од 12.00 до 18.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 76 прекршувања на брзината, од кои 33 на подрачје на Струмица, 21 на подрачје на Валандово, 14 на подрачје на Радовиш и 8 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.