• Sat. Nov 23rd, 2024

СВР Билтен- тепачка, казнети пешаци

На 24.03.2021 година во Полициска станица Струмица, Ќ.И.(30) од Струмица пријавил дека околу 21.00 часот, пред објект за забавни игри на улица „5-ти Ноември“ во Струмица, бил физички нападнат од М.Н. и Џ.Н. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 24.03.2021 во периодот од 07.00 до 13.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола над пешаци.  Притоа, биле откриени 45 прекршоци. Од нив 15 по акциската контрола и 30 останати прекршоци, кои биле соодветно санкционирани.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (24/25.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 20 лица не ја почитувалe. Од кои по 8 во Радовиш и Валандово, 3 во Гевгелија и 1 во Струмица и ќе следуваат соодветни мерки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *