На 21.02.2022 во 16.20 часот во Полициското одделение Ново село, А.С.(22) од село Иловица, струмичко, пријавил дека околу 12.00 часот во село Иловица бил физички нападнат од С.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.02.2022 во периодот од 09.00 до 14.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на прекршоците што ги прават пешаците во сообраќајот. Притоа, биле констатирани 12 прекршоци (5 во Струмица, 4 во Гевгелија, 2 во Валандово и 1 во Радовиш), сторени од пешаци кои преминувале улица надвор од пешачки премин. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.