На 14.07.2022 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на место викано „Трнки“ во атар на село Пиперево, струмичко, настанал пожар кој зафатил земјоделска површина засадена со пченица. Во пожарот нема повредени лица, а увид на местото извршиле екипа на СВР Струмица и инспектор за пожари. Пожарот изгаснал сам пред пристигнување на противпожарна екипа.
На 14.07.2022, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија извршиле службен разговор со В.К. од Гевгелија и В.Х. од Струмица затоа што во 15.10 часот на место викано „Топлик“ – атар на Гевгелија, изведувајќи работи со алат-шлајферица, предизвикале пожар кој зафатил необработена нива обрасната со трева и дел од пчеларник. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Гевгелија пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 14.07.2022 во 21.50 часот во Полициската станица Струмица, К.Б.(18) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 20.00 часот во село Баница тој и неговата сопруга К.Б. биле физички нападнати од П.С. и С.С. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.07.2022 во периодот од 21.00 до 24.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 25 прекршувања на брзината, кои биле соодветно санкционирани.