Теута Ајдини Јегени, првокласна актерка во Албанскиот театар Скопје и етаблирана актерка на меѓународната филмска сцена, е избрана од Меѓународниот театарски институт Центар во Македонија да ја пренесе овогодинешната порака по повод Светскиот ден на театарот (27 март).
И градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, им го честиташе Светскиот ден на театарот на струмичките актери. Во неговата честитка тој вели:
„Почитувани членови на Струмичкиот театар „Антон Панов“, Ако се знае дека театарот е една од најстарите и највозвишените уметности што ги смислил креативниот човечки ум, тогаш останете возвишени и Вие во Вашата уметничка мисија. Бидете и верни на божицата Талија и горди на Вашите „штици што живот значат“, за да останат горди со Вас и сите струмички вљубеници во театарската уметност. Продолжете ја на најубав можен начин 74-годишната традиција на Струмичкиот театар. Негувајте ја и јакнете ја големата љубов кон професијата, за да ви биде возвратено со љубов, полни гледалишта и многу, многу аплаузи“.