• Fri. Nov 22nd, 2024

Светската организација за здравствена заштита на животните ќе обезбеди експертска помош

Итно обезбедување на експертска група и помош во справувањето со болеста африканска чума кај свињите во Република Северна Македонија, договорија на денешниот работен состанок во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), првиот човек на АХВ Николче Бабовски и д-р Будимир Плавшиќ, директор на Канцеларијата за Европа на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH).

На состанокот беше разгледана актуелната состојба со здравствената заштита на животните во земјава, со акцент на состојбата со болеста африканската чума со која се бори земјава, а се дискутираше и за прашања кои се однесуваат на благосостојбата на животните.

Првите луѓе на АХВ и WOAH за Европа договорија да се интензивира и унапреди досегашната соработка на АХВ и Светската организација за здравствена заштита на животните – WOAH со нови активности, кои ќе бидат во насока на постигнување  оптимални резултати во областа на здравствената заштита кај луѓето, животните, растенијата и нивната заедничка средина, како основа за реализирање на глобално дефинираниот концепт „Едно здравје”.

Д-р Плавшиќ позитивно ја оцени работата на АХВ во однос на посветеноста и спроведувањето на проектите и активностите кои се однесуваат на здравствената заштита и благосостојбата на животните. Тој изјази пофални зборови за оценката на Европската комисија во последниот Извештај за напредокот на земјава во евроинтеграциските процеси за Поглавјето 12 чиј носител е АХВ, а со кој на Агенцијата за храна и ветеринарство и е дадена висока оцена за постигнатото ниво на подготвеност, со што ја вброи меѓу институциите во државава кои добија највисока оцена за евро напредокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *