Естрадната пејачка Сузана Гавазова од Струмица, донираше повеќе свои фустани за матурантките коишто не се во можност да купуваат фустани за матурската вечер. Нејзината донација е всушност приклучување кон постоечката хуманитарна акција на училиштето „Никола Карев“, со наслов „Подари, израдувај некого“.
Од училиштето и се заблагодарија за гестот и повикаа и други граѓани да ја поддржат и да ги израдуваат.
„Многу е убаво кога ќе направиш добро дело, а уште повеќе кога во тоа некој ќе те поддржи . Нашата акцијата под име “Подари ,израдувај некого” доби многу голем оддек во општината и пошироко и добивме многу донации во прекрасна гардероба за девојки и момчиња. Имаме голема чест и се радуваме што и нашата естрадна уметничка Сузана Гавазова ја препозна и поздрави нашата добра намера па дури и се вклучи во неа. Вчера не посети во училиштето и донираше повеќе фустани од својата гардероба која ја носела на настапи. Ви благодариме од срце што и Вие придонесовте да израдуваме некое девојче “, се вели во објавата на училиштето на нивната официјална страница на фејсбук.