• Fri. Nov 22nd, 2024

Шумското стопанство ја зголеми цената на огревното дрво од 2900 на 3600 денари за метар кубен

огревни дрваhttp://www.besplatne-slike.net

„Национални шуми“ го објави новиот ценовник за купување на огревно дрво. Цените се зголемени за 20 отсто во однос на претходните кои не се променети од 2009.

Најскапото и најквалитетното дрво – она од даб, се зголемува од 2.900 денари на 3.564 денари по кубен метар. Во Ценовникот поскапени се и другите огревни дрва – буката е 3.444 денари, јаворот е 3.204, тополата е 3.084 денари по кубик, итн.

Одлуката следува откако месецов Владата се реши за определување највисоката трговска маржа на 10 отсто како посебен услов во трговијата за: огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев. Истовремено забранет е и извозот на овие производи.

Струмичани се загрижени за греењето оваа сезона. Велат дека немало испорака на дрва, а цените на другите енергенси вртоглаво расте.

„Национални шуми“ годинава планираат да произведат околу 400.000м3 огревно дрво, што е за 50.000м3 повеќе од лани. Но, годинава значително се зголемил и интересот на граѓаните да се греат на дрва, а од претпријатието велат дека листата на чекање станува се подолга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *