• Sat. Nov 23rd, 2024

Шукова: Нема да се дозволи градење капацитети штетни за околината

Нема да се дозволи отворање на капацитети што ја загрозуваат средината, порача министерката за животна средина и просторно планирање од Струмица, Каја Шукова. Таа вели дека внимателно ќе се одлучува какви капацитети ќе се дозволат во кои региони и како тие ќе влијаат на средината.

Еко-активстите од струмичко, пак, се гневни што вишиот управен суд неколкупати го враќа предметот со концесионерот на рудникот Иловица на повторно судење. Сметаат дека ваквите одлуки бараат радикализација на движењето против рудници во Југоистокот.

Советниците од движењата против рудници во струмичкиот крај со месеци се обидуваат нивните совети да донесат одлуки со кои ќе се забрани отворање на тешка загадувачка индустрија.