• Sat. Nov 23rd, 2024

Судот наложи на холандската Влада да го укине полицискиот час

Судот наложи на холандската Влада да го укине полицискиот час. Судот во Холандија денеска наложи владата веднаш да го укине ноќниот полициски час воведен за ограничување на ширењето на коронавирусот во земјата, со образложение дека не постои соодветна правна основа за тоа.

Полицискиот час, прв во Холандија по Втората светска војна, предизвика немири и бројни демонстрации кога беше воведен на 23 јануари.

„Полицискиот час се заснова на законот за вонредни ситуации, кога нема време за дебата во парламентот“, соопшти судот.

„Немаше таква итна потреба во овој случај. Далекусежните мерки како оваа мора да се засноваат на соодветни закони“, се додава во образложението.

Судот соопшти дека владата не објаснила зошто е очајно потребен полициски час во оваа фаза од пандемијата. Бидејќи стапката на инфекции во Холандија веќе била во пад пред мерката да стапи на сила.

Холандската влада е под притисок по воведувањето на полициски час на 23 јануари, од 21 до 4:30 часот наутро, што ги предизвика најбурните протести во земјата во последните 40 години. Минатата недела мерката беше продолжена до 3 март.

Портпаролката на Министерството за правда изјави дека владата сè уште ја проучува изненадувачката одлука на Хашкиот окружен суд и дека засега нема коментари.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *