Кривичниот суд ги ослободи од обвинение поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шестмина припадници на поранешната полициска единица „Алфа“ поради немање јасни докази дека го сториле кривично дело за кое беа обвинети во случајот „Тортура“, односно за апсењето на Љубе Бошкоски.
Случајот во врска со приведувањето на лидерот на Обединети за Македонија беше отворен од поранешното СЈО.
Обвинетите се гонеа за делото мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување за време на апсењето на Бошкоски.