Струмичките приватни компании сѐ потешко наоѓаат суровини и репроматеријали. Војната во Украина не го погоди само струмичкото земјоделство, туку се одразува во речиси сите сектори. Производствените капацитети од овој регион велат дека се соочени со сериозен предизвик, да го одржат производствениот капацитет со недостатокот што го има на потребни суровини и репроматеријали.
На оваа тема разговаравме со Миле Милановиќ, претставник на Струмичка бизнис заедница, кој вели дека април е месецот во кој ќе стане јасно дали кризата ќе заврши или ќе се продлабочи.