Осум пожарникари од ТППЕ Струмица, припадници на тимот за пребарување и спасување од урнатини (USAR тим), кој е во состав на републичките сили за заштита и спасување при Владата на Македонија, утрово заминаа во спасувачка мисија во пријателска Турција. Тимот специјалци треба да им помогне на настраданите во земјотресот. Нашите пожарникари се специјално обучени за вакви непогоди и имаат искуство од земјотресот во Албанија.
Веста за заминувањето ја објавија и пожарникарите и градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.
„На сите граѓани од Турција и Сирија, особено на оние од погодените подрачја од земјотресот, им изразувам најдлабоко сочувство за големите човечки и материјални загуби. Нека е Господ со нив и сите човекољубиви луѓе на овој свет. Никогаш повеќе да не се повторат такви катастрофи,“ напиша на својот фејсбук профил градоначалникот Костадинов.