Струмичките пожарникари утрово се вклучија со видео за Канал ВИС директно од местото на ужасот во Турција. Тие кратко информираа за текот на нивната спасувачка мисија од градот Адијамен, каде во моментов помагаат во расчистување на урнатини од зграда каде се претпоставува дека има над сто мртви лица.
Вернер Стоилов, тим лидер на тимот од Струмица USAR вели дека се прават напори на секој начин да се помогне во справување со последиците од земјотресот.