Струмичките пожарникари се приклучија на акцијата за гасење на пожарот што беснее во беровско
“Утрово, 22.07.2022 година, тим од 5 пожарникари- спасители тргна за Берово, за да се вклучи во гасењето на големиот шумски пожар кој што беснее од вчера. Се надеваме дека пожарот ќе биде изгаснат со заеднички сили,” објави ТППЕ Струмица.
Гори мешана шума од бука и даб меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци, како и сува трева и шума на планината Средна на местото Света Вода, меѓу делчевските села Разловци и Трботивиште.
Командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски вели дека пожарот се шири поради ветерот.