• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмичките фирми ќе помагаат да се збогати украсувањето на градот

Со донации ќе се збогатува празничниот изглед на градот, најави градоначалникот Костадинов. Тој рече дека веќе контактирал со локални компании за да донираат за украсувањето на Струмица. Костадинов за канал ВИС рече дека има расположени стопанственици кои сакаат да придонесат за поубава празнична атмосфера.

Општината од својот буџет издвои 400 илјади денари за украсување на плоштадот „Гоце Делчев“, а тендерот го доби фирмата Планиметрика. Од вчера почна и поставувањето на елката во центарот, а се очекува деновиве да се наместат и дрвените куќички за божиќниот базар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *