• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмичките актери утре на средба со претседателот Пендаровски

Струмичките актери утре на средба со претседателот Пендаровски. Струмичките актери случајот со директорот на Центарот за култура Антон Панов ќе го разгледуваат и со претседателот на државата, Стево Пендаровски. Утре претпладне имаат закажано средба и се надеваат дека ќе се најде заедничко прифатливо решение со претседателот Пендаровски. Актерите велат дека речиси два месеца се соочуваат со игнорантски однос од Министерството за култура за според нив, несоодветниот избор за прв човек на оваа институција. Во неодамнешниот протестен перформанс на струмичкиот плоштад, актерите порачаа дека оваа институција заслужува да ја води човек што ја познава културата.

Иницијативата Култура или Фис-култура се формираше веднаш по изборот на нов директор на струмичкиот центар за култура, Антон Панов, кога од тројца кандидати, актерка, магистерка по менаџмент на култура и професор по физичко образование комисијата при Министерството за култура го одбра токму професорот, Васил Бубев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *