• Sat. Nov 23rd, 2024

Струмичките актери бараат средба со министерката за култура

By

Feb 2, 2021
актери

Струмичките актери бараат средба со министерката за култура

Одбиените кандидати за директор на центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица сметаат дека изборот е политичка одлука и бараат да се преиспита. Јасмина Пијанманова, магистер по менаџмент на култура е една од двете одбиени. Причина во образложението на министерството е што немала сертификат за познавање на англиски јазик. Но, таа смета дека очигледнтокму на англиски јазик. Јасмина Пијанманова- кандидат Пијанманова вели дека министерството им ја скратила и можноста да ги образложат своите искуства и компетенции бидејќи не ги повикала на интервју. Го интервјуирале само избраниот кандидат. Јасмина Пијанманова- кандидат Слична е и реакцијата на актерката Оливера Аризанова-Мансбарт. Таа е вториот одбиен кандидат. Покрај сертификат ѝ недостасувало и доказ дека е признат уметник, што за неа е чудно, со оглед дека е актер со 30 годишно искуство. Оливера Арзианова-Мансбарт Ова се аргументите коишто вчера министерството за култура ги наведе во образложението зошто токму Васил Бубев, дипломиран професор по физичка култура и досегашен директор на детската градинка во Струмица е избран за нов директор на центарот за култура. Според министерството, рок за жалба на оваа одлука нема бидејќи оваа постапка била едностепена и завршува со избор или неизбор на кандидат.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *