Струмичкиот зеленчук баран на странските пазари. Освен на пролетната зелка, откупувачите очекуваат интерес и зголемени цени на останатите производи во струмичко. Странските пазари веќе покажуваат интерес за увоз на пиперки, домати и краставици од овој регион.
Производството се уште не е стасано, а во однос на минатите години, значително се намалени површините под пластеници.