• Thu. Nov 21st, 2024

Струмичкиот театар во февруари ќе игра за настраданите во Турција и Сирија

Парите од продадените влезници за изведбите на струмичкиот театар, како и танцовиот перформанс што во текот на февруари ќе може да се гледа во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе одат за помош на настраданите од земјотресот во Турција.

Центарот за култура „Антон Панов“ објави дека средствата од целиот репертоар се наменети за помош на Турција:

„Како општествено одговорна институција НУЦК „Антон Панов“-Струмица, Ве известува дека средствата од продадените билети за месец Февруари ќе бидат донирани за помош на настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија,“ велат од „Антон Панов“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *