Стар мебел, облека, кабаст отпад собираше денеска струмичкото јавно комунално претпријатие „Комуналец“ од улицата „Антон Панов“ во Струмица. Во чистењето се вклучи и механизација, багери, за полесно и побрзо расчистување на дивата депонија на периферијата на градот.
Станува збор за простор кој со години се претвора во дива депонија и покрај чистењето и апелирањето на надлежните да не се фрла отпадот на несоодветни места.
Пред само десетина дена „Комуналец“ имаше акција за бесплатно собирање на кабаст отпад од струмичките домаќинства, но, и покрај повиците наместо да се пријави ваквиот отпад завршува на дива депонија.