Младата оперска певица Јаворка Витанова од Струмица изминатиот викенд настапи во Москва на големата сцена во Кремљ палатата. Таму се одржа традиционалниот 10-ти „Меѓународен ден на руската романса во Кремљ“, каде настапија најдобрите вокали на светот.
Свој настап имаше и струмичанката Јаворка Витанова, која во дует со Сергеј Обабкин изведоа познато дело од руската класика.
Инаку, Јаворка Витанова, која магистрираше во класата на Весна Гинова Илкова, пред неколку години освои прва награда и златен медал на натпреварот за руска романса, „Романсијада 2018“, што се одржа во Москва и на кој вообичаено се претставуваат најголемите тамошни уметници.