Не е точна информацијата на бугарските медиуми дека утре ќе се одржи заедничка литургија на свештеници од Македонската православна црква-ОА и Бугарската православна црква во Ново Село. Од струмичката епархија потенцираат дека ќе се одржи помен на загинатите војници, најавено е присуство на еден бугарски свештеник. Од струмичката епархија предвидено е да присуствува митрополитот г.Наум.
Бугарскиот портал news.bg најавува присуство и на повеќе официјални лица од Бугарија. Според порталот, ќе присуствуваат и претставници на националната гарда, официјални лица и граѓани од двете страни на границата.
News.bg тврди дека домаќини на настанот ќе бидат Милен Врабевски и фондацијата „Бугарска меморија“ а ќе биде поддржан и од дипломатското претставништво на официјална Софија во Македонија и Бугарското министерство за надворешни работи.
„Спомен-обележјето во Ново Село беше обновен во 2006 година. Таму се погребани 71 бугарски војник кои ги дадоа своите животи во битките за национално обединување“ – пишува news.bg