Струмичани се задоволни што нема повеќе да патуваат за вакцинација во Штип или во Скопје. Отворањето на регионален вакцинален пункт го олеснува пристапот за вакцинација и за оние граѓани коишто не можат да се организираат и да стигнат во други градови. Сметаат дека сега ќе се вакцинираат многу повеќе граѓани.
Во моментов општината учествува во уредувањето на спортската сала во вакцинален пункт. Се поставуваат маси, столици, се мести компјутерска опрема.
Од Здравствен дом Струмица апелираат што повеќе граѓани да се пријавуваат на апликацијата вакцинација.мк, бидејќи така побрзо ќе падне старосната граница зља вакцинирање и ќе се опфатат што поголем број граѓани за краток период. Во моментов во Струмица се вакцинираат граѓани над 60 годишна возраст.