Одбојкарскиот шампион на Македонија, Струмица Никоб, вечерва го игра првиот меч од првото елиминациско коло од најсилното клупско натпреварување, ЦЕВ Лигата на шампионите. Пред струмичани е голем предизвик, ако се знае дека играат против холандскиот првак кој има долга традиција во европските натпреварувања.
Од она што го имаме како материјал од подготвителните натпревари на Динамо Апелдорн кои ги имаат одиграно минатиот викенд, можеме да видиме дека се работи за млада екипа, но доста перспективна. Редовно учествуваат во европските купови и во тој дел имаат повеке искуство. Сепак, без разлика што патуваме некомплетни, не се предаваме, ќе играме растоварено и без притисок, а нашата шанса ќе ја бараме на реваншот во Скопје, каде ќе бидеме комплетни. Верувам во играчите, исто така верувам и во овој ростер со кој што патуваме за Холандија. Очекувам добри натпревари и што подобро претставување на македонската клупска одбојка на меѓународна сцена“, вели Милев.