• Mon. Nov 25th, 2024

Струмичани се подготвуваат за велигденските празници

Со вапсање на првите црвени јајца и одење на црква почнуваат велигденските празнувања. Верниците од струмичко велат дека ова е дел од најстарата традиција и со радост ја негуваат и пренесуваат на помладите. Денеска низ струмичките улици е раздвижено. Се прават последните пазарења пред големиот празник.

Црвените јајца во христијанството се симбол на воскресението Христово и на самиот празник Велигден. Формата го претставува гробот на Христос, како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *