Со 1000 садници денеска струмичани ги пошумија ридовите над градот. Еко-акцијата за зелена околина ја поттикнаа активистите од Здрава котлина и Еко долина, а како што изјави активистот и советник Ѓорги Танушев за канал ВИС, садниците ги обезбедиле Македонски шуми.
Секој граѓанин што сака да биде дел од оваа акција денеска можеше да се приклучи и да ужива во заедничкото садење млади дрвца и да се дружи на ридовите кои пред неколку години се соголија откако тамошната шума изгоре во стравичниот пожар што однесе и човечки жртви.
Во акцијата се приклучи и градоначалникот Костадин Костадинов, како и претседателот на советот на о.Струмица, Марјан Даскаловски.