• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмичани бараат поголема контрола на продажбата на петарди

Пандемијата ги намали бројот на повредени од петарди и пиротехнички средства, поради ограничените празнични забави последните две години. Вака информираат од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Тимови лекари од оваа колиника деновиве ги псоетуваат средните училишта во земјава и со младите разговараат за трајните оштетувања што можат да настанат од користењето пиртехнички средства.

Струмичани пак, сметаат дека лесно може да се дојде до петарди и приотехнички средства. Во претпразничниот период звукот на пукањето на петардите е речиси секојдневние. Граѓаните велат дека треба надлежните да внимаваат и контролираат бидејќи ги користат и деца.

Од МБР информираат дека на подрачјето на државата досега се запленети 100.000 парчиња пиротехнички средства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *