• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмичанецот Марјан Ѕингаров-Ѕин дел од групна изложба во Плевен

Денеска во Плевен ќе се претстави групната изложба „Слобода?!“ со почеток од 18 часот во уметничката галерија „Илија Бешков“ во Плевен (булевар Скобелев 1). Оваа патувачка изложба до сега ги посети градовите Созопол и Ловеч.

Првпат градот Плевен ќе биде домаќин на изложба од проектот „Поврзување“ на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија. Изложбата ќе остане отворена за посетителите до 12 август 2022 година.

Во составот на изложбата се делата на уметниците од неформалната група „Конекција“, кои се од Северна Македонија, но живеат и работат во Софија, Бугарија: Перица Георгиев-Пепси (Скопје), Марјана Иванова (Виница), Зоран Мише (Охрид), Иво Пецов (Виница), Павел Целкоски (Охрид) и Марјан Ѕингаров (Струмица).

Тука се делата и на ликовните уметници и професори од факултетите за ликовна уметност во Северна Македонија: Беди Ибрахим (Скопје, ФЛУ), Јован Шумковски (Скопје, ФЛУ), Катерина Деспот (Штип, УГД) и Срѓан Микиќ (Скопје, IBU).

Со своите македонски колеги изложуваат и бугарските ликовни уметници и професори од Националната ликовна академија во Софија: Георги Јанков, Нина Русева, Свилен Стефанов и Васил Колев. Свое учество има и уметницата Марија Алексиева од Бургас.

Во изложбата најзастапени се сликарските дела. Се среќаваат разни техники и авторски искази, кои кореспондираат со зададената тематска насока. Од користење разни форми на комбинација на сликарските техники до еднородна сликарска техника во конвенционален вид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *