Димитaр Арапов ќе биде еден од тројцата учесници на годинешното Светско првенство во стрелаштво во Осијек, Република Хрватска.
Следните неколку седмици тој планира напорно да вежба за да ја прикаже државата во најдобро светло. Спортот е атрактивен, вели Арапов, но, во државата има малку прописни стрелишта каде би можел да се практикува и правилно да се вежба овој спорт.
Светското првенство во стрелаштво ќе се одржи овој октомври.