Малолетен пешак е тешко повреден кога вчера во него удрил автомобил на улицата Шишка во Кавадарци. Според информациите од МВР, по ударот, возачот го напуштил местото.
Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци.
По преземените мерки од полициски службеници, утврдено е дека возилото го управувал А. К. (27) од Струмица, со престој во Кавадарци.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци, а во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.