Струмичани ги избраа трите приоритетни проекти кои ќе се финасираат од општинскиот буџет следната 2023 година. на вечерашната форумска сесија што се одржа во Домот на АРМ во Струмица, граѓаните гласаа за проектите коишто сами ги предлагаа.
Преовладуваа проекти за енергетска ефикасност и заштита на животната средина, а трите проекти сеЧ
-Набавка на еко електрични автобуси и поставување на смарт постројки
-Поставување на фотоволтаици на сите основни и средни училишта
-Соларен катастар
Во изјава за канал ВИС, градоначалникот Костадинов истакна дека ќе се работи и на јавната свест за важноста за одржување на чиста животна средина и дека тоа е задача на која општината ќе се посвети следниот период.
https://www.facebook.com/kanalvis/videos/1159728621313148