Холандскиот првак, Динамо Апелдорн, ги совлада струмичани со 3-0, во првиот меч од првото квалификациско коло во ЛШ. Македонскиот претставник беше конкурентен само во првиот сет, кој го загуби со 25-20, меѓутоа одржуваше резултатски контакт накде до 16-15.
Преостанатите два сета беа лесен плен за Холанѓаните, ги освоија со 25-13 и 25-16. Реваншот е во Струмица, на 27 септември, но мисијата на македонскиот шампион ќе биде тешко остварлива. Победникот од овој двомеч во втората рунда ќе се сретне со Бенфика.